САД не се покажа добро во улога на меѓународен арбитер и не успеа да ја зајакне глобалната безбедност – изјави денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
– Мислам дека многу луѓе согледаа дека овој дијалог на САД со Русија е деструктивен и како Америка сама себе се турка во агол и тоа за повеќе меѓународни прашања“, посочи таа додавајќи дека Вашингтон со своите постапки покажал дека е неуспешен во улога на меѓународен полицаец, а тоа е лоша вест за сите.
„Западните земји сакаат САД да бидат гарант на меѓународната безбедност. Но, ние сме сведоци на целосен неуспех на САД на тој план“, истакна Захарова.


