Алките за домашен притвор и понатаму надвор од употреба – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 1:37 PM

Алките за домашен притвор и понатаму надвор од употреба

Иако набавени пред три години, електронските алки  кои што треба да ги добиваат лицата осудени на домашен затвор и понатаму се надвор од функција. Гаранантниот рок за одржување е поминат и сега се прават напори како според законот за јавни набавки да се испочитува договорот и конечно овие алки предвидени и во законот за пробација донесен во 2016 година, да профункционираат ,изјави денеска во Штип, директорот на Управата  за извршување на санкции Јовица Стојановиќ.

,,Управата за извршување на санкции има на располагање 400 алки кои што се периметарски не со GPS .Тие не се ставени во функција од причина што немаме одржување за тие алки. Тие се набавени во 2015 година,гарантниот рок е истечен. Владата ни помогна и во 2018 и 2019 ,ни имаат дадено на располагање средства за одржување. Проблематично е согласно законот за јавни набавки како да се испочитува тој договор. Се надеваме дека првите месеци од 2019 ќе го надминеме тој проблем и конечно ќе бидат ставени во функција тие алки за домашен притвор”информираше Стојановиќ.

За набавка на 400 електронски алки за домашен затвор била потрошена сума од 1,5 милиони евра. Од 2015  година кога биле набавени, тие се чуваат во затворот Идризово.