Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во Вардарскиот регион – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 11:06 AM

Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во Вардарскиот регион

Бројот на сообраќајни незгоди лани бележи пораст во Велес и Неготино, а опаѓање во Кавадарци. Во Велес во 2018 имало 316, а во 2017, 299 сообраќајки, или зголемување од 5.7 проценти. Во Кавадарци има намалување од 3,3 отсто или  од 180 незгоди во 2017, шест помалку се случиле во  2018. Зголемување од 6.4 проценти има кај сообраќајните несреќи во Неготино, бројот на сообраќајки од 124 во 2017, пораснал за 8 во 2018 година.

„ Шестотини дваесет и две сообраќајки се регистрирани во 2018 година на подрачјето кое го покрива Секторот за внатрешни работи Велес, со три жртви. Се работи за општините Велес, Кавадарци и Неготино. Процентот на сообраќајни несреќи е за 3.4 отсто повеќе од 2017 година, кога биле забележани 603 сообраќајни незгоди. Споредбено за двете последни години, бројот на жртви е намален за три. За 17 е зголемен бројот на лица со тешки телесни повреди, а за 22 е намален бројот на лесно повредените при сообраќајки. Бележиме опаѓање на бројот на жртви при несреќи во сообраќајот. Од шест, на три. При сообраќајни несреќи минатата година во Неготино има една жртва, а во 2017 тој број изнесувал четири. Двете години, во Велес и Кавадарци бележиме по една жртва, појасни Додевски“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Статистиката покажува дека пораст има и бројот на лицата кои се здобиле со тешки телесни повреди во трите општини од Вардарскиот регион.

 

Ангел Данов