Коментарот на Ибрахимовиќ: Кого лаже Кристијано Роналдо, каков преизвик е во прашање… – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 9:47 AM

Коментарот на Ибрахимовиќ: Кого лаже Кристијано Роналдо, каков преизвик е во прашање…

Славниот Шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ во свој стил го повика еден од најдобрите фудбалери на светот – Португалецот, Кристијано Роналдо.

Роналдо често истакнува дека одлучил да пристигне во Јувентус бидејќи му бил потребен предизвик. Секако, Ибрахимовиќ не би бил Ибрахимовиќ ако не го прокоментира тоа онака како што тој умее…

„Кристијано зборува за нови предизвици, а притоа доаѓа во веќе формиран тим со одлични играчи, шампион во Серија А. Заминувањето во Јувентус за Роналдо не е никаков предизвик“, истакна Ибрахимовиќ и додаде:

„Ако навистина бараше предизвик, тој би дошол во клубот од Торино пред неколку години, кога беше во Серија Б и ќе помогнеше да се врати во врвот на елитната дивизија“.

Превземено од: supersport.mk