Путин ќе го чуваат илјадници полицајци во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 9:20 AM

Путин ќе го чуваат илјадници полицајци во Србија

Рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе пристигне во Србија на 17 јануари, ќе го чуваат илјадници српски полицајци.

Членовите на Министерството за внатрешни работи ќе ги преземат сите потребни безбедносни мерки,а ќе има и промени во сообраќај во одредени делови на Белград. Исто така се шпекулира дека околу 250 елитни руски специјални сили и лична безбедност на рускиот претседател пристигнале во Белград.

Тие наводно, ги проверуваат рутите за движење на Путин, места за средби, храна, итн.

Ќе има и снајпери на високите згради во Белград каде што ќе минува претседателот на Русија, Путин – пишува „Политика“.