Шилегов ќе презентира Зелен катастар – проект со кој се „фалеше“ и Трајановски – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 8:53 AM

Шилегов ќе презентира Зелен катастар – проект со кој се „фалеше“ и Трајановски

Една година по изгласувањето на Законот за урбано зеленило, Град Скопје ќе презентира Зелен катастар, кој треба да помогне во заштитата на јавното зеленило. Овој Катастар кој го предвува Законот што пратениците го изгласаа лани на денешен ден, денеска ќе биде презентиран во градскиот совет, каде е најавено обраќање на градоначалникот, Петре Шилегов.

Ова законско решение кое предвидува опсежна грижа за зеленилото го поднесоа седуммина пратеници, меѓу кои и актуелната претседателка на ДОМ, Маја Морачанин.

„Тоа е попис на состојбата и бројот на дрвјата, со што ќе се помогне да знаеме која е состојбата и да се направат планови како да се унапредува зеленилото и заштита на капиталните примероци на дрвја. Тоа е обврска на општините и Град Скопје. Тој процес почна претходно, но се реализира споро, а вака ќе мора општините да влезат во тој процес почитувајќи го Законот. Ќе треба да предвидат средства за тоа и во буџетите“, порачува таа во изјава за Канал 77.

Катастарот овозможува податоци за јавните зелени површини, од типот, обем и вид на зеленилото, неговата состојба и местоположба.

Проектот за негово воведување во Скопје го најавуваше и ВМРО-ДПМНЕ, односно Коце Трајановски за време на изборната кампања во 2013 година, а реализацијата според изборната програма во пресрет на тогашните локални избори требаше да биде готова во 2017, односно 2018.

Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ
Град Скопје
2013-2017