Гдањскиот градоначалник синоќа нападнат на хуманитарен настан – денес им подлегна на повредите – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 5:50 PM

Гдањскиот градоначалник синоќа нападнат на хуманитарен настан – денес им подлегна на повредите

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович кој беше нападнат со нож синоќа на хуманитарен собир, им подлегнал на повредите денеска во градската болница. Педесет и тригодишниот Адамович бил на градоначалничката функција од 1998 година, а откако бил прободен со нож во срцето,  во текот на изминатата ноќ поминал повеќе од пет часа на операција.

Нападот се случил пред неколку стотици луѓе на добротворна акција на која се собирале пари за да се купат медицински уреди. Полицијата веќе уапсила дваесет и седумгодишен маж од Гдањск, за кој се тврди дека е напаѓачот.

За немилиот настан веќе се шири и видео снимка на интернет,  на која се гледа човек како скока на сцената, го зграпчува микрофонот и вели дека претходната влада Граѓанска платформа го фрлила во затвор и го малтретирала.

Нападот наиде на осуди кај повеќе политичари ширум светот, а полскиот премиер Анджеј Дуда најави дека ќе се состане со лидерите на партиите во земјата за да организира марш против насилството и омразата.