Татко и син се соочиле со крадци кои што дошле да им крадат дрва од нивниот двор.Фатиле еден од нив на кој пак за кратко време на помош му дошла поголема група кои со себе носеле и секира и ги нападнале таткото и синот.Поголеми повреди заработил синот.
Од Полицијата информираат дека според пријавата настанот се случил во текот на вчерашниот ден во 2 часот по полноќ .Во дворното место од куќа на ул,,Радански Пат”влегле две лица кои се обидела да крадат дрва.Таткото и синот ги забележале крадците излегле да интервенираат ,крадците избегале, но едниот успеале да го фатат на улицата ,,Панче Караѓозов”.Од Полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.
Ова не е прв случај на кражби на овој дел од градот,жителите велат станало секојдневие.Тие бараат од надлежните да се да подобри безбедноста ,да се зголеми присуството на полицијата и случаевите на кражби поажурно да се решаваат.Жителите се жалат дека крадците стануваат се похрабри и подрски ,влегувајќи во домовите во сред бел ден и во присуство на сопствениците.


