Kоѕијас: Неменувањето на пензиите не е трампа за Преспанскиот договор – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 3:37 PM

Kоѕијас: Неменувањето на пензиите не е трампа за Преспанскиот договор

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој го стави својот потпис на Преспанскиот договор во интервју за грчкиот весник Катимерини, потврдува дека премиерот Алексис Ципрас има мнозинство во Парлементот за негова ратификација. Коѕиас одговара и на прашањето дали за Преспанскиот договор не требаше да биде распишан референдум во Грција.

– Да ги прашаме нашите граѓани дали се согласуваат  да се смени името на трета држава со дипломатски средства и без да губат војна?  Не мислам дека се потребни предвремени избори поради Преспанскот договор, ниту референдум. Зошто толку многу страв од договор со кој се намалува пристапот на трета земја кон името Македонија, со употреба на Северна Македонија и се создаде силна бариера против исламскиот фундаментализам? Зошто толку страв од земја што има 1.8% од нашата одбранбена сила, и само 6% од нашиот БДП?, прашува Коѕиас.
На забелешката дека  Преспанскиот договор одговара на главните позиции на Скопје, а граѓаните на Скопје сега е признати како македонски граѓани,  а не како граѓани на Северна Македонија, Коѕијас одговара:
– Вие велите дека Скопје доби што сака. Но, она што тие го сакаа не беше да го сменат името. Сепак, го сменија. Она што го сакаа е да не се смени името за  внатрешна употреба, но прифатија ерга омнес, за севкупна упореба. Она што го поставија како услов беше да не се направат уставни промени, но, тие го направија тоа. Прифатени се и влезе во договорот дел за јазикот,  со кој се детерминира дека нивниот јазик припаѓа на семејството на словенски јазици и дека тие немаат никаква врска со Македонија на Александар Велики и славната грчката историја, и нивната “Македонија” е географски термин, појаснува Коѕијас во интервјуто.
Порашениот шеф на дипломатијата нагласува дека со промените во Македонија не е дадена никаква етничка припадност. Тој нагласува дека договорот се однесува само на националноста, а не на етничката припадност.На шпекулациите дека ратификацијата на договорот ќе се случи во грчкиот парламент откако Ципрас издејствувал од германската канцеларка Ангела Меркел да не се намалуваат пензиите во текот на 2019 година, Коѕас вели дека се срамни таквите шпекулации.
– Се разбира, Европејците се среќни бидејќи тоа е единствениот дипломатски позитивен чин во последните години за мир во регионот. Едноставно, проблемот на опозициската Нова демократија е  да  разбере дека позитивно решивме повеќегодишен проблем кој ја засега целата земја, вели Коѕиас.