Солскер стана прв тренер на Јунајтед со шест победи на стартот од својот мандат – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 3:07 PM

Солскер стана прв тренер на Јунајтед со шест победи на стартот од својот мандат

Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскер вчера оствари нова победа на клупата на Црвените Ѓаволи.

Јунајтед успеа да слави на гостувањето против Тотенхем со 1-0, што беше дури шеста победа едноподруго на Норвежанецот откако е на клупата на тимот од Олд Трафорд.

Солскер на овој начин стана првиот тренер во историјата на славниот англиски клуб кој стартувал со шест врзани победи.

Инаку, во наредното коло популарните Црвени Ѓаволи го дочекуваат Брајтон, па треба да се очекува и седма победа по ред на Јунајтед, доколку не се случи некое поголемо изненадување.

Превземено од: supersport.mk