Неодговорно е однесувањето на македонските скијачи – критикуваат бугарските спасувачки екипи – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 1:37 PM

Неодговорно е однесувањето на македонските скијачи – критикуваат бугарските спасувачки екипи

Македонските скијачи кои паднаа во бездна на планината Пирин се однесувале неодговорно – oва во изјава за бугарското радио Фокус, го посочува директорот на Планинската спасувачка служба, Емил Нешев кој открива дека тие скијале надвор од означената патека.

Нешев во интервјуто не ги коментира финансиските импликации на акцијата за нивно спасување, но истакнува дека ваквото однесување предизвикувало ризик и за туристите и за спасувачите и за доброволците.

Претседателот на бугарскиот Црвен крст пак, Христо Григоров вели дека скијачите од Македонија ја напуштиле пистата под врвот Тодорка, влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите успеале да ги спасат под голем ризик.

Во тричасовната акција за спасување на  петмината македонски сноубордери и скијачи, учествувале десет спасувачи.