Пронајдена црната кутија од урнатиот авион во кој загинаа 189 лица(фото) – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 1:07 PM

Пронајдена црната кутија од урнатиот авион во кој загинаа 189 лица(фото)

По два месеца Индонезија ja пронајде црната кутија од авионот Boeing Co 737 MAX кој се урна во морето во близина на Џакарта, при што загинаа сите 189 лица, пренесоа агенциите.

Поморскиот полковник Агунг Нугрохо за Ројтерс изјави дека откако го лоцирале сигналот од црната кутија, кој што бил доста слаб ,неколку дена подоцна и ја пронашле кутијата закопана во осум метри кал во вода со 30 метри длабочина.

“Не знаеме каква штета има,но има очигледни гребаници”, изјави Нугрохо.

Оваа несреќа во 2018 година одзеде најмногу животи.