При гасна експлозија во Русија почина едно лице, а две се повредени – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 12:23 PM

При гасна експлозија во Русија почина едно лице, а две се повредени

Сомнителна  гасна експлозија во станбена зграда во јужна Русија усмрти најмалку едно лице и повреди други двајца, објавија властите.

Експлозијата се случи во зграда во градот Шактија, близу до границата со Украина. Една жена е убиена, две лица од кое е и двегодишно девојче се повредени и се пренесени во болница, изјави гувернерот Васили Голубев за руска телевизија.

Двегодишното девојче е во стабилна состојба.

Тој рече дека четворица луѓе за кои се верува дека живеат во зградата не се пронајдени, иако не е јасно дали биле таму за време на експлозијата.

Истражниот комитет изјави во соопштението дека го третира инцидентот како експлозија на гас и ја бара компанијата што беше снабдувач на гас за објектот.