Градоначалникот на Гдањск прободен на добротворен настан – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 11:27 AM

Градоначалникот на Гдањск прободен на добротворен настан

Градоначалникот на полскиот град Гдањск е сериозно повреден откако беше избоден на сцената на најголемиот хуманитарен настан во земјата, изјави полицијата.

53-годишниот Павел Адамковиќ, беше однесен во болница, каде што после  пет часовната операција е во критична состојба.

27-годишниот осомничен, кој има криминално досие, е уапсен.

За време на петчасовната операција, градоначалникот доби 41 единици крв.

„Тој е во многу, многу сериозна состојба”, рече д-р Стефанијак. “Следните часови ќе бидат одлучувачки”.