Минута со кол центарот на Визер чини 5 евра – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 9:58 AM

Минута со кол центарот на Визер чини 5 евра

Нискобуџетната компанија Визер, која денеска потпиша договор со македонската Влада за нови четири години, нема намера да отвори претставништво во Скопје. Иако македонските граѓани најчесто летаат со оваа компанија, за какви било информации ќе мора да го користат кол центарот, за што ќе минута разговор ќе треба дебело да ја платат.

Пет евра чини минута, што значи ако патникот треба да потроши десет минути во објаснување како  и други потреби, разговорот со кол центарот, понекогаш може да го чини поскапо од авионскиот билет. Букингот  електронски и беа него нема седиште во авионот.

Директорот Џорџ Михалополус на новинарско прашање на денешното потпишување на договорот, одговори дека нема да отвораат претставништво и останува само опцијата на дигитална комуникација.

-Нашиот модел е дигитален бизнис и нашата цел е да обезбедуваме контакт преку кол центрите, имаме цел да имаме поголема интеракција со нашите корисници, за да им овозможиме се’ на дигитален начин, рече  Михалополус и упати на електронско купување карти.
Инаку, македонската влада Визер в наредните четири годни ќе го финансира со пет милиони евра, во рамките на програмата за субвенционирање на авиопревозник.