Нови жртви од снежната бура во Австрија. Тројца германски скијачи загинаа на австриските Алпи, а уште едно лице се води з исчезнато, јави полицијата.
Возраста на скијачите е 57, 36 и 32 години, нивните тела се извлечени синоќа неколку часа откако биле пријавени за исчезнати. Потрагата завршила откако бил пронајден и четвртиот Германец, а причината за тоа биле големите наноси од снег и ризик од лавина.
Властите во јужна Германија и Австрија вчера го искористија мирното време за да ги исчистат големите снежни наноси од покривите и патиштата.


