Бојкотот на Стоилов од МТВ 2, засега нема да се соочи со казна – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/19 11:29 AM

Бојкотот на Стоилов од МТВ 2, засега нема да се соочи со казна

Уредникот на спортската редакција на албански јазик во Македонската телевизија (МТВ), Мустафа Адеми, кој преку ноќ стана „ѕвезда“ со бојкотот кон Стојанче Стоилов кого во преносот од мечот Македонија-Јапонија го нарекуваше како „играч со бројот пет“, засега нема да се соочи со казна, а во меѓувреме добива поддршка и од главниот и одговорен уредник на МТВ2, Мигена Горенц.
Во денешниот разговор, лидерката на албанската редакција во националниот сервис  за порталот Спорт 1прво не сакала да го коментира завчерашниот скандал поврзан со новинар на кого хиеархиски му е претпоставена, но потоа децидно потенцира дека Адеми ја има нејзината поддршка.
„Ако мислевте дека нема да има реакција од албанските спортски новинари на потегот на Стоилов, кој реши да напушти официјална манифестација зашто не му се допаѓало да го слуша албанскиот јазик од бината, тогаш многу грешите. Лично мислам дека не треба да има поделби на наши и ваши, но како главен и одговорен уредник на МТВ2 стојам позади мојот новинар. Акцијата носи реакција, кратко и јасно кажано“, изјавила за порталот  Горенц.

Фактот што денеска е недела е причината поради која челниците на албанската редакција на МТВ решиле со овој проблем да се справат дури утре, за кога рано наутро е закажан редакциски колегиум.

Македонското Собрание во петокот едногласно ги усвои уставните промени со кои државата после долгогодишниот спор со Грција го промени своето име во република Северна Македонија.Кога дознал за оваа одлука ,македонскиот ракометар на ФБ напиша…
“Ментално нестабилни сме сите во државава што дозволуваме вака да ни прават !!!
Срам да ни е на сите….
За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!“

Неговиот став го испровоцира уредништвото на албанскиот сервис на МТВ чии што новинар Мустафа Адеми во преносот на натпреварот Македонија и Јапонија одбивал да го кажува името на Стоилов, па го кажуваше само како “играч со број 5“.