Шефот на Европските Либералдемократи во Европскиот Парламент, Ги Верхофштат му честиташе на премиерот Зоран Заев на Твитер за успешното финализирање на процесот од македонска страна за уставните измени вчера.
– Одлични вести и огромен чекор кон помирувањето на Западниот Балкан. Ова ќе му помогне на Скопје да напредува на ЕУ патот. Честитки до премиерот Зоран Заев. Клучно е сега процесот да биде преземен од грчка страна – напиша Верхошфтат утрово.