Среќен крај на случајот со киднапираното 13-годишно девојче(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 6:53 PM

Среќен крај на случајот со киднапираното 13-годишно девојче(видео)

Полицијата го пронајде осомничениот за случајот со 13-годишната девојка од Висконсин, која беше киднапирана во октомври,а нејзините родители беа убиени.

Џејк Томас Петерсон (21) е  обвинет за убиство од прв степен и за киднапирање, соопшти полицијата.

Џејми Клос беше пронајдена во четвртокот и се очекува да биде вратена на семејството. Тетката на Џејми, Сју Аллар, изјави дека оваа вест ја  чекаат три месеци.
-Едвај чекам да ја гушнам, изјави тетката на Џејми.

Киднапираната девојка прва ја здогледала локалната наставничка Џин Нуттер додека го шетала  кучето, ја здогледала Џејми,кој кон неа извикала: „Ве молам, помогнете ми не знам каде се наоѓам,изгубена сум“!

Полицијата верува дека Џејк Томас ги убил родителите на  Џејми, но неговата цел била да го киднапира девојчето.

Тие ја опишаа 13-годишната девојка како “единствена цел на осомничениот“ и  дека Џејми е “земена против нејзината воља”.

Полицијата сеуште не знае зошто токму  Џејми била мета на киднаперот.

Шерифот на  градот Барон, Крис Фицџералд,  изјави дека киднаперот Петерсон нема криминално досие во  Висконсин.