Продолжува протестот пред Собранието – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 5:23 PM

Продолжува протестот пред Собранието

Извикувајќи предавници околу стотина граѓани протестираат против уставните измени додека во Собранието на Република Македонија започна 75-та седница.

Од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа.

Протестот пред Собранието против уставните измени започна во 12 часот во организација на здруженијата „Македонија блокира” и партијата Единствена Македонија.