Градските улици и тротоари во Тетово се уште не се целосно исчистени од снег – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 3:22 PM

Градските улици и тротоари во Тетово се уште не се целосно исчистени од снег

Општина Тетово уверува дека работи максимално во поглед на расчистување на снежните наноси од сообраќајниците, граѓаните пак не се задоволни. Велат дека снегот се чисти делумно само во  централно градско подрачје.


Трет по врнежите од снег градските улиците и тротоари во Тетово се уште не се целосно исчистени од снег. Нашата екипа направи обиколка низ град и регистрираше дека снего е сотранет само од дел од главните булевари, останатиот е затрупано со снег кој поради потополото време денеска се претвора во кашаст оневозможувајќи го нормалното движење на пешаците.

Од Општина Тетово се правдаат дека ккао дел од причината што не можат целосно да го остранат снегот е паркираните автомобили.

 –Со оглед на силниот интензитет на врнежи од снег кој продолжи и во текот на денот,
апелираме до граѓаните да внимаваат каде ги паркираат автомобилите со цел да се овозможи непречена работата на механизација за чистење на снегот кои се натерен и кои непрекинато работат. Екипите кои учествуваат во чистење на снегот кон планинските села работат во отежнати услови поради висината на снежната покривка .Граѓаните кои патуваат на овие релации задолжително да поседуваат зимска опрема на возилата, веалт од Општина Тетово.

За сега според општинските власти нити еден патен правец во тетовско не е целосно блокиран од снегот.  Според метеоролошките информации, интензивни врнежи од снег се очекуваат и следните денови. Од Општина Тетово уверуваат дека со несмалено темпо ќе се трудат да го олеснат протокот на сообраќај по главните улици и секаде каде е потребно.

Зоран Димовски