Убиен раперот Кевин Фрат во Порторико – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 3:11 PM

Убиен раперот Кевин Фрат во Порторико

Дваесет и четири годишниот музичар Кевин Фрат, опишан како прв отворен геј артист , беше убиен во главниот град Сан Хуан во четвртокот изутрина, соопшти полицијата.

Фрет беше застрелан осум пати, додека возеше мотор на улица, и беше погоден во главата и колкот.

Беше однесен во блиската болница, каде што беше прогласен за мртов. Полицијата сега го бара осомничениот кој бил со Фрет, кога бил пронајден, но брзо избегал од местото на настанот.

Потврдувајќи ја неговата смрт, менаџерот на Фрет, Едуардо Родригез, рече: “Нема зборови  со кои може да се опишат чувствата што ги имаме и болката бидејќи почина артист што имаше уште многу неисполнети соништа“.