Франк Лампард го прекинал тренингот, полицијата во потрага по шпионот – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 2:08 PM

Франк Лампард го прекинал тренингот, полицијата во потрага по шпионот

Тренингот на Овните беше прекинат, Франк Лампард го запрел тренингот на играчите на својот Дерби, откако забележал вознемирувачка гледка, човек со двоглед покрај комбе.

Сомнителните околности ги забележале и некои од вработените во клубот, а во комбето подоцна е пронајдена облека за пресоблекување.

Полицијата која била алармирана за случката ја пребарала целата област, но сомнителниот човек избегал.

Постојат две верзии, онаа страшната е дека е во прашање фудбалска шпионажа, нешто поврзано со тероризам.

Другата е пак дека „Локо“ Бијелс пред вечерашниот меч меѓу својот Лидс со Дерби сакал да знае што му спрема Лампард.

Превземено од: supersport.mk