Мицкоски на протести со лично полициско обезбедување – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 1:02 PM

Мицкоски на протести со лично полициско обезбедување

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска  од Канал 77 беше прашан да ја коментира изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека во протестите пред Собранието има полицајци провокатори. Мицкоски ги повика граѓаните да не подлегнуваат  на тие провокации.

– Има полицајци кои што си ја вршат својата работа,кои што го штитат јавниот ред и кои што ја гарантираат безбедноста на граѓаните.Дегутантно е еден лидер на партија  да  потценува полициски службеник кој што работи за бебзедноста на сите, па и за неговата безбедност,одговори Спасовски .

-Впрочем тој лидер на ВМРО-ДПМНЕ има полициско обезбедување кое што го бараше да го заштити и сега слушаме такви квалификации.Мислам дека крајно некорекно или безобразно таквото оценување на состојбите, додаде министерот Спасовски.

На прашањето што доколку Уставните измени не поминат и најавата на премиерот Зоран Заев за негова одговорност со оставка,Спасовски рече дека  оптимист оти „ќе успеат во оваа битка која што е многу важна за иднината на Република Македонија“.