Уапсени две лица во Полска поради шпионажа – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 12:05 PM

Уапсени две лица во Полска поради шпионажа

Полските безбедносни служби уапсија кинески и полски државјанин за шпионажа, според локалните медиуми.

Според полските медиуми кинескиот државјанин е вработен во компанијата „Хуавеи“.

„Хуавеи“ не даде коментар за случајот.

ТВП објави дека полскиот државјанин, “Пиотр Д” бил поранешен висок член на полската агенција за внатрешна безбедност (ABW), кој сега работи во телекомуникациската индустрија.

Весникот вели дека “Пиотр Д” ја напуштил ABW пoради сомнение за  корупција, но никогаш не бил формално обвинет.