Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прашањето дали денеска очекуваат ескалација на протестот.
– 27 ми април не може да се повтори во ниту еден момент, граѓаните треба да бидат безбедни, институциите функционираат и секој еден, дали е граѓанин, дали е член на политичка партија кој што има намера да учествува во нарушување на уставниот поредок и институциите, да се откаже. Верувам дека пратениците денес ќе имаат капацитет да донесат важна одлука, изјави Спасовски.
Тој денеска присуствуваше на откривањето на спомен плочата на тројцата полицајци, бранители од Радовиш, на конфликтот од 2001 година.


