МД „Илинден” алармира на тешката сосотојба поради снегот во областите Голо Брдо и Гора – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 11:29 AM

МД „Илинден” алармира на тешката сосотојба поради снегот во областите Голо Брдо и Гора

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, алармира на тешката состојба во областите Голо Брдо и Гора,предизвикана од обилните снежни врнежи и ниските температури.

– Врнежите од снег во изминатите денови и ниските температури создадоа тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Сите патишта кои водат до областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани. Македонците и другите жители во двете области се отсечени од светот. Резервите на  храна се при крај а немаат ни основна здравствена заштита, стои во соопштението на друштвото.

Поради тоа се апелира до Владата на премиерот Еди Рама, локалните власти на Булќиза, Либражд и Кукс итно да превземат неопходни мерки за да се пробјат патнте правц кои областте г поврзуваат до градските центри.

И албанските медиуми јавуваат за завеаните села во овие области и оти жителите почнале самоиницијативно со теренски возила и лопати да ги оспособуваат главните патишта.