По пет часа прекин сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар од синоќа од околу 20 часот е прооден за сите возила – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/19 11:22 AM

По пет часа прекин сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар од синоќа од околу 20 часот е прооден за сите возила

По пет часа прекин сообраќајот на патниот правец Маврово– Дебар од синоќа од околу 20 часот е прооден за сите возила, откако  на оваа сообраќајница падна голема лавина од снег помешана со дрвја.

За расчистување на лавината била ангажирана специјална приватна механизација, која по неколку часа интензивна работа успеала да го острани сиот нанос од снег помешан со дрвја, камења и земја. Лавината го блокираше патот вчера попладне околу 15 часот во близина на Бигорскиот манастир.

Градоначалникот на Општина Маврово Ростуште Медат Куртовски, вели дека конечно треба да се преземат превентивни мерки против ваквите лавини и ерозии кои ги има секоја година, а кои зеле и човечки жртви, но предизвикале и огромни материјални штети.

Една од тие мерки е обнова на браните кои се лоцирани на самите планини и кои се изградени, токму за спречување на лавините да не се струполат на патниот правец кој поврзува две општини.

Но, засега нема никакви најави дека ќе се презамат некакви мерки превентивни, ниту пак она што е вообичаена пракса во вакви предели, заштитни мрежи и потпорни ѕидови тука покрај патот кој минува низ реканскиот крај