Јанкулоска до Груевски: Лесно е да зборуваш кога си далеку 800 километри од Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 9:24 PM

Јанкулоска до Груевски: Лесно е да зборуваш кога си далеку 800 километри од Македонија

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по објавата на фејсбук статусот на поранешниот премиер, Никола Груевски реагираше на својот профил на оваа социјална мрежа со став дека е лесно да се зборува за состојбите во Македонија кога си далеку со стотици километри од земјата и притоа да се амнестираш себе си за сите проблематични одлуки и испуштени шанси.

– Кога си далеку од проблемите, на 800 километри од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото – напиша Јанкулоска на својот Фејсбук профил.