Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по објавата на фејсбук статусот на поранешниот премиер, Никола Груевски реагираше на својот профил на оваа социјална мрежа со став дека е лесно да се зборува за состојбите во Македонија кога си далеку со стотици километри од земјата и притоа да се амнестираш себе си за сите проблематични одлуки и испуштени шанси.
– Кога си далеку од проблемите, на 800 километри од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото – напиша Јанкулоска на својот Фејсбук профил.


