-Ја започнуваме новата 2019 година во знакот на хуманоста во градот Делчево каде секогаш се среќаваме со хумани луѓе кои што даруваат крв. Како заклучок од минатата година можеме да кажеме дека собравме 776 крвни единици во градот Делчево. Денешната акција тече успешно, очекуваме во Скопје да си заминеме со 40 крвни единци, што значи дека првата акција во 2019 година со крводарителите од Делчево можеме да ја окарактеризираме како успешна, истакна Анита Божинова Петковска од институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Јоцо Димитровски е крводарител од Делчево кој прв пат дарувал крв на 19 годишна возраст, а денес крв даруваше по 48 пат.
-Прв пат дарував на 19 години, чувството е одлично, кога даваш крв се чувствуваш полн со енергија. Апелирам до оние кои не дале крв, да го сторат тоа, бидејки чувството е како да си пробал „ред бул”, истакна Димитровски.
Валери Спасовски


