Скандалот со вакцините предизвика мноштво реакции во јавноста. Граѓаните, главно на социјалните мрежи не веруваат на објаснувањето на институциите за наводната грешка со датумот на декларацијата на вакцините МРП. Излегоа и други факти за вакцините, а една наша сограѓанка направи и ваква споредба:
„Куче vs. дете. Картон за имунизација. За куче имате прописно залепено налепница со сериски број, производител и датум на употреба за секоја аплицирана вакцина. За дете имате ‘чкрабаници’ со пенкало ако успеете да разберете нешто и бледа копија на печат, ниту налепница, ниту времетраење на вакцината, ниту производител. И после да не се чудите зошто е толкав процентот на недоверба кај граѓаните за вакцинација на децата. Никогаш нема да не биде!!! #МојатаЧудеснаЗемја
П.С. Картоните се од моето куче и мојот син. Јас сум за вакцинација но, согласно сите меѓународно прифатени стандарди. Ова што се прави 27 години кај нас е вистинско лудило“, напиша на Фејсбук Вероника Ефремова, со чија дозвола го објавуваме постот.




