По 5000 евра месечно ќе добива директорот Миле Атанасов од штипски „Макпромет“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 2:47 PM

По 5000 евра месечно ќе добива директорот Миле Атанасов од штипски „Макпромет“

Собранието на акционери на Друштвото за производство и трговија  „Макпромет“ од Штип,  на седницата вчера, одлучувше за нов, четиригодишен мандат на Одборот на директори, кој управува со друштвото.

Тројца директори се на оваа листа – Миле Атанасов, економист,  како неизвршен член на Одборот на директори, Ленче Ѓоргиева, хемиски техничар, како независен неизвршен член и Пиха Стерјова,  економист, извршен член на Одборот на директори на „Макпромет“.  Истовремено, определени се и месечните награди за директорите.

На Миле Атанасов Собранието му одобри месечна награда од 5000 евра, или  како што стои во одлуката 307.500 денари. За Ѓоргиева  5000 денари месечно, додека Стерјова, која е извршна директорка, ќе добива по 10.000 денари месечна награда.

Атанасов е најголемиот акционер во холдингот, што го сочинуваат компаниите „Макпромет“ АД, „Илинден 2002“ и „Европа ДООЕЛ“.

Овие одлуки се објавени на сајтот на Македонска берза.