Од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка одлучија да го одржат протестот – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 2:33 PM

Од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка одлучија да го одржат протестот

Од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка одлучија да го одржат протестот и блокадата на патот Тетово – Попова Шапка. Радикалните мерки како што посочија оттаму, ќе се одвиваат по мотото Стоп за уништување на Попова Шапка.

Прoтестот и блокадите од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка ги најавија уште пред два дена, но истите кaко што посочија тогаш, може да се избегнат, ако надлежните институции ургентно започнат со мерки за нормално функционирање на центарот. Побараа лично премиерот Зоран Заев да дојде на Попова Шапка за одблизу да ја запознае состојбата.

Овие услови на иницијативата не се исполнија, па затоа протестот и блокадите на патот Тетово – Попова Шапка го закажаа за во сабота на 12 јануари со почеток во 11:00 часот. Оттаму ги покануваат сите граѓани да протестирааат со нив кај Жичарата Тетово – Попова Шапка, против уништувањето на овој туристички центар.

Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци!Да се мобилизираме што повеќе, за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка, истакнаа од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка 

Официјалниот старт на скијачката сезона на Попова Шапка започна на 6 јануари, но со голем број проблеми и пропусти.Ски лифтовите беа постојано во дефект, а како и секоја година се создаваа големи гужви за паркирање.    

Зоран Димовски