Мразот и снегот го наполнаа одделението за ортопедија во Клиничката болница во Битола. Откако падна првиот снег во Битола, пациентите со скршеници двојно се зголемија.
Во ортопедското одделение нема веќе слободен кревет, а пациентите се препраќаат во одделението за физикална терапија. Најчести пациенти се повозрасни лица над 60 години.


