Тетовско е без блокирани патишта и покрај обилните врнежи од снег – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 1:13 PM

Тетовско е без блокирани патишта и покрај обилните врнежи од снег

Тетовско е без блокирани патишта и покрај обилните врнежи од снег. Но граѓаните не се задовлни од ситуацијата на терен .

Врнежите од снег засега не ги блокираа главните патни правци во тетовско. Од Јавното претпријатие Македонија пат подружница Тетово, велат дека нивни екипи се постојано на терен и со механизација и други потребни средства ги расчистуваат делоовите од автопатот Скопје – Тетово – Гостивар што минува низ тетовско, патот Тетово – зимскиот центар Попова Шапка и регионалниот пат Тетово – граничен премин Јажинце, сообраќајници кои се во нивна надлежност.

-Од среда од 6 часот нашите екипи се на терен  и ги чистат и песочат сообраќајниците но поради интезитетот на врнежите од снег и ниските темератури и откако ќе поминат возилата снегот останува на коловозот. Останува забраната за движење на тешки камиони и автобуси кон Попова Шапка додека за возилата што се движат во тој правец задолжителна е зимска опрема. Досега сме фрлиле над 250 тони сол и околу 300 кубни метри ризла но повторно многу ниските температури го оневозможуваат целосното дејство така што снегот се задржува по патиштата. изјави Дејан Јовановски раководител на ЈП Македонија пат подружница Тетово.

Од Општина Тетово велат деак сите патишта се проодни. Возилата и машините за чистење на патиштата од снег, продолжуваат со работа каде покрај физичкото чистење исто така патиштата се третираат со песок и сол.
Со зголемен интензитет се работи и на патиштата кои водат до планинските села каде всушност има и најмногу снег.

-Во оддалечените села на Шар планина се појавуваат одредени проблеми имајќи ги во предвид условите во кои се работи бидејќи станува збор за екстремно ниски температури и обилни врнежи од снег во селата Бозовце,Вејце и Ѓермо, потешкотиите се отстрануваат и се продолжува со интензивно темпо на работа и покрај висината на снежната покривка која наместа е и до 90 см.Во 9:00 часот утринава дадени се инструкции за испраќање на дополнителни екипи и механизација кон планинските села и се преземаат сите мерки и активности за проодни патни правци кон нив, веалт од Општина Тетово.

Од Општина Тетово апелираат граѓаните да ги подигнуваат своите возила од места кои се забранети за паркирање, како тротоари и други јавни површини, со цел непречено чистење на снегот и движење на пешаците.

Од тетовската полиција, ни изјавија дека во изминативе два дена подигнале 30 погрешно паркирани возила, од кои најголем дел во центарот на Тетово. Ваквите активности посочија оттаму, ќе продолжат и во наредниот период.И покрај информациите на властите дека ја имаат ситуацијата под  контрола, по обилните врнежи од снег, граѓаните не се задоволни од тоа што го гледаат на терен .

Прогнозите велат дека врнежите ќе продолжат, што може да доведе до блокирани патни правци според досегашното искуство претежно во планинсктие села од Шарпланинскиот масив .

Зоран Димовски