На превојот Плетвар сообраќајот се одвива без застој и забрани – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 11:34 AM

На превојот Плетвар сообраќајот се одвива без застој и забрани

На превојот Плетвар сообраќајот се одвива непречено за сите видови возила, информираат од подружницата на „Македонија пат” во Прилеп. Коловозот е исчистен, има малку кашест снег, но не предизвикува застој во сообраќајот. Имено, на Плетвар снежната покривка е околу 30 сантиметри.

Проодни се и исчистени сите регионални патни правци во прилепскиот регион. Останува, во текот на утрешниот ден, да се исчисти патот за Мариово кој се смета од трета категорија, објаснуваат од подружницата на „Македонија пат” во Прилеп, нагласувајќи дека располагаат со доволно количества сол и ризла, песок за посипување на патните правци.