Шпански медиуми:Реал почнал преговори со претставниците на Мурињо – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 3:26 PM

Шпански медиуми:Реал почнал преговори со претставниците на Мурињо

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид ги почнал разговорите со претставниците на Жозе Мурињо, кој сакаат да го вработат како нивни следен тренер.

Реал Мадрид на почетокот на сезоната го отпушти Хулен Лопетеги, кој ужасно го предводеше тимот, а потоа на негово место седна Сантијаго Солари, кој во последниот период се наоѓа во резултатска криза.

Мурињо очигледно е главен кандидат за тренерската позиција на крајот на сезоната, па според „Сан“, претседателот на Реал, Флорентино Перез смета дека Португалецот е идеален кандидат за таа позиција.

Во текот на вчерашниот ден се појавија шпекулации дека Мурињо имал два услови, односно сакал квалитетен дефанзивец и напаѓач пред да го преземе клубот.