Деркоски: ДИК е подготвена за спроведување на претседателските избори – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 2:58 PM

Деркоски: ДИК е подготвена за спроведување на претседателските избори

Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори – уверува претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

„Чекаме во февруари да ги закажат изборите. Ќе се гласа на стариот начин, со ув ламба и спреј. Една од работите на ДИК е постојано да го прочистува избирачкиот список“, вели Дерковски.

Тој најави дека се работи на тоа за парламнентаните избори да се гласа со нови технологии, со примена на отисок од прст – пренесе Македонската информативна агенција.

„Постојат инструменти кои го учитуваат прстот и вршат идентификација се појавува ваша фотографија, апотоа излегува глсачкото ливче. Целта на  примента на новите технологии е заради постојаните забелешки за мани  и инедостатоци за  изборниот законик и подигање на довербата и оставрување на принципот еден човек еден глас. За сега ламбата и спрејот се уште остануваат како превенција од можни злопотреби“, кажа Дерковски.