Поради високата снежна покривка сите училишта во Солун, кои беа заторени денеска, нема да работат и утре и задутре. Општинските власти ги повикаа учениците да останат дома од „безбедносни причини“ поради високата снежна покривка и ниските температури.
Сепак, детските градинки нормално работат и покрај отежнатиот сообраќај и речиси парализираниот Солун.