Раководството на ВМРО ДПМНЕ на протестните барикади пред Собрание – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 2:15 PM

Раководството на ВМРО ДПМНЕ на протестните барикади пред Собрание

По прес конференцијата, комплетното раководството на ВМРО ДПМНЕ со пратениците им се придружија на протестите пред Собранието на Република Македонија.

Претседателот Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николовски е очи во очи со кордонот полиција, а помеѓу нив се поставените одбранбени решетки. Засега протестите поминуваат мирно, со говори од иницијаторите на протестот.

СДСМ, преку портпаролот  Костадин Костадиновски, реагираше дека Мицкоски стои „рамо до рамо со антизападните пиони – Бачев и Петровски.