Забрана за камиони на Пресека, Ѓавато и Буково – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 1:47 PM

Забрана за камиони на Пресека, Ѓавато и Буково

Забрана за тешки товарни возила е воведена на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Забраната е воведена од 14.15 часот.

Претходно е воведена забрана за тешки моторни возила и на патот Битола – Ресен на планинските превои Ѓавато и Буково.