Собранискиот спикер, Талат Џафери на денешната пленарна седница ја констатира оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
Тунтев не ја образложи својата оставка, но она што се знае е дека сега ја презема функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Неговото место во пратеничките клупи го зазеде Рубин Земон, кој беше посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурни комуникации на премиерот.
За нов координатор на пратеничката група пак, е избран Јован Митревски. Митревски досега беше заменик координатор заедно со пратеничката Соња Мираковска.