Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференцијата пред насобраните пред Собранието на Република Македонија се обрати до граѓаните, зборувајќи во свое име.
-Јас како еден од вас, ќе го користам демократското право, мирно и достоинствено, да протестирам и пркосам, за сето она што се случува денес и ќе се случува и следните денови во Собранието. Бидејќи тоа ни преостанува, рече Мицкоски.
Тој, насобраните граѓани двапати ги замоли со зборовите:
-Ве молам, ве молам, искрено од дно на душата, да не подлегнувате на провокации, ниту на измислени информации и конструкции од инфилтрирани полициски структури. Ве повикувам да останеме достоинствени, повика лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Мицкоски, претходно ја обвини власта за како што рече „драконски притисоци“ врз пратениците, во функција на туркање на според него, страмниот процес на насилни уставни промени со злоупотреба на судството и обвинителството.


