Повторени барањата на Движењето против коцкање – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 2:33 PM

Повторени барањата на Движењето против коцкање

Во пресрет на донесувањето на новиот Закон за игри на среќа од движењето Анти коцкање, уште еднаш ги потсетија властите дека нема да се откажат од нивните барања поврзани со  донесување на закон, кој како што рекоа ќе ја заштити младината од најголемиот порок коцкањето.

Од движењето Анти коцакње уште еднаш на пресс конференција ги повторија нивните барања, кои како што рекоа, несомено треба да се земат предвид во пресрет на донесувањето на новиот Закон.

Тие  го потсетија премиерот Зоран Заев дека ако не се земат предвид нивните барања младината уште повеќе ќе заглави во еден од наголемите пороци на денешницита, а одговорноста ќе лежи кај власта или поконкретно кај 120 – пратеници кои треба да го гласаат Законот.  Барања како што посочија од движењето Анти коцкање, се дел од предлозите на новиот Предлог закон за игри на среќа, кој треба да биде донесен овој месец. Посочија дека Законот треба да обезбеди поголема контрола врз работата на кладилниците и обложувалниците и истиот треба да се почитува.

Минатиот месец на градскиот плоштад во Тетово се одржа масовен протест поради масовната појава на казина и обложувалници во градот, кои како што рекоа од движењето Анти коцкање не работаат законски. На протестот подршка му дадоа преставници од Тетовското архирејско намесништво и Тетовското муфтиство.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која присуствуваше на протестот, истакна дека како општина според законските овластувања кои ги имаат, доволно направила за поголема контрола врз објектите каде се приредуваат игри на среќа.  

Од движењето Анти коцкање, тогаш најавија дека протестите ќе продолжат, се додека не се земат во предвид нивните барања при подготовката на новиот закон за игри на среќа.