Протест пред Собранието за уставните измени – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 11:34 AM

Протест пред Собранието за уставните измени

Здружението „Tврдокорни” и движењето „Македонија блокира” го почнаа протестот пред Собранието на Република Македонија, каде треба да се одржи пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ. Тие го повикаа и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов да им се придружи.

Од „Тврдокорни” и „Македонија блокира” истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство”.