Здружението „Tврдокорни” и движењето „Македонија блокира” го почнаа протестот пред Собранието на Република Македонија, каде треба да се одржи пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.
Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ. Тие го повикаа и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов да им се придружи.
Од „Тврдокорни” и „Македонија блокира” истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство”.