Виничанка тешко повредена со сообраќајна незгода – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 10:44 AM

Виничанка тешко повредена со сообраќајна незгода

Дваесет и осумгодишна жена од Виница се здобила со тешки телесни повреди, во сообраќајна незгода која се случила вчера попладне.

До неговата, која се случила на крстосницата од улиците „Браќа Миладинови“ и „Тошо Арсов“ во Виница, дошло кога автомобилот кој го управувала, сега повредената, се удрил со друг автомобил управуван од четириесетгодишен возач.

Жената е пренесена за укажување на лекарска помош во Клиничката болница во Штип. МВР соопшти дека се работи на расчистување на случајот.