Околу 200 грипозни лица во Кавадарци оваа сезона – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 10:08 AM

Околу 200 грипозни лица во Кавадарци оваа сезона

Почнува да се зголемува бројот на заболени од грип во Кавадарци. Според податоците од Центарот за јавно здравје, минатата недела, заклучно со понеделникот,  евидентирани се 68 нови заболени.

Епидемиологот д-р Ристе Јовановски вели дека бројот се’ уште е мал и споредено со минатата сезона е речиси на исто ниво.

„Оваа сезона вкупно имаме околу 200 заболени од грип. Лани во овој период бројката беше помала, само 25 лица. Во сезоната 2016/2017 имавме во овој период најголем број заболени 2184 лица“, вели д-р Јовановски.

Тој објаснува дека најпогодени се лицата на возраст од 15 до 64 години.

 

Ангел Данов