Лажна вест на социјалните мрежи за киднапирање деца во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/19 4:58 PM

Лажна вест на социјалните мрежи за киднапирање деца во Македонија

На социјалната мрежа Фејсбук веќе неколку денови кружи фотографија од две лица кои наводно киднапирале деца во Македонија.  Министерството за внатрешни работи денеска се огласи во врска со овој случај, наведувајќи дека фотографијата ја шират поединци кои имаат за цел да предизвикаат паника.

МВР ја известува јавноста дека по извршени проверки е утврдено дека станува збор за случај во Мексико, кој нема никаква врска со Република Македонија.

Овие две лица се приведени во Мексико лани во август поради сомнение за киднапирање.